Во фоајето на Националната опера и балет во Скопје денеска ќе биде потпишан договор за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Северна Македонија.
Како што стои во соопштението од Министерството за култура, договорот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт.