Во Собранието денеска ќе се означи официјалниот почеток на работата на ТВ студиото.
Собраниското ТВ студио е реализирано во рамки на Програмата за собраниска поддршка, финансиски помогната од Националниот демократски институт и Швајцарската агенција за развој.
На свеченото отворање ќе присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, како и генералниот секретар на Собранието.
Како што информираат од собраниската прес-служба, со овој настан се заокружува првата фаза од проектот за Собраниска поддршка и започнува втората фаза.