Како што дознава 24инфо.мк во денешната полициска акција за откривање на економски криминал, едно од уапсените лица е лице вработено во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор (АДСДП) поранешно ПУИГ.
Заради акцијата, во АДСДСП утрово и во текот на денов има засилено полициско присуство, полицијата се уште е присутна, а се прегледува и одзема и обемна документација од претпријатието.
Како што претходно дознавме, утрово се вршеа претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал, веќе се уапсени десетина лица, а повеќе информации за целта на акцијата МВР најавува за подоцна во текот на денот.