Хуманитарниот координатор на Обединетите нации за окупираната палестинска територија, Лин Хестингс, денеска изјави дека Газа се соочува со „катастрофа на јавното здравје“ поради колапсот на здравствениот систем во енклавата и ширењето на болести предизвикани од пренатрупаноста.
„Се соочуваме со учебнички пример за епидемија и катастрофа во јавното здравје“, рече Хестингс.
Обединетите нации и хуманитарните организации предупредија на ширење на заразни болести во Појасот Газа, каде внатрешното раселување на 85 отсто од населението поради конфликтот меѓу Израел и Хамас предизвика пренатрупаност во засолништата и другите објекти за привремено сместување.