Хеликоптер на АРМ денес принудно слетал во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец поради појава на предупредување за грешка во работата на моторот на воздухопловот.
„Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец“, информираа од АРМ.
Во информацијата се додава дека по безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот.
„Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана“, се вели во соопштението..