Здравата храна не секогаш има добар вкус, но тоа не е случај кога се бананите во прашање. Ќе се воодушевите кога ќе прочитате дека едно од омилените видови овошје не само што им носи задоволство на вкусовите, туку има и многу здравствени придобивки.
Артерискиот притисок ќе се врати во нормала
Бананите се одлично овошје кое треба да го јаде секој кој страда од висок крвен притисок. Содржат во просек 420 mg калиум и можат да помогнат во намалување и регулирање на крвниот притисок.
Ќе забележиме дека губиме килограми
Овие плодови се богати со влакна и, во повеќето случаи, нема да чувствувате потреба да јадете ништо друго после нив. Тие исто така содржат еден вид скроб кој го намалува апетитот и го спречува зголемувањето на телесната тежина. Бананите исто така го намалуваат нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на телото на инсулин.
Ако клетките на телото не се чувствителни на инсулин, тие не можат да ја апсорбираат гликозата, па панкреасот започнува да произведува инсулин во поголеми количини. Дали телото ќе акумулира масти зависи од присутниот инсулин.
Намалување на ризикот од анемија
Анемијата е резултат на намалување на црвените крвни зрнца и ниското ниво на хемоглобин во крвта, а бананите можат да помогнат во овој проблем. Туе содржат многу железо, кое го поттикнува создавањето на црвените крвни зрнца, но и витамин Б6, кој го регулира нивото на гликоза во крвта, кој им помага на анемичните луѓе.
Подобрување на варењето
Бананите се лесно сварливи и не го иритираат гастроинтестиналниот тракт. Отпорниот скроб, кој се наоѓа во бананите, не се вари и завршува во дебелото црево каде што служи како ефикасен хранлив медиум за здрави бактерии.
Ќе забележиме дека имаме повеќе енергија
Не случајно многу луѓе кои редовно тренираат јадат банани. Тие содржат калиум, кој ги штити мускулите од грчеви, додека јаглехидратите му даваат на телото доволно енергија за да издржи тежок тренинг.
Нема да бидеме толку под стрес
Често се вели дека бананите го подобруваат расположението. Ова овошје содржи триптофан, кој му е потребен на телото за да произведе серотонин, познат како хормон на среќата. Исто така, секоја банана во просек содржи околу 27 мг магнезиум, минерал одговорен за добро расположение и здрав сон.
Дневна доза на витамини
Бананите се богати со витамин Б6. Во просек, една банана содржи околу 20 проценти од дневните потреби за витамин Б6, кој му помага на телото да произведува инсулин, хемоглобин и амино киселини потребни за создавање здрави клетки.
Бананите содржат и витамин Ц, важен антиоксиданс кој ги неутрализира штетните радикали. Витаминот Ц исто така помага во одржување на здрави крвни садови и производство на колаген.