(Видео) Спасовски во МВР ја вработи најдобрата дипломка на Факултетот за безбедност

При посетата на Факултетот за Безбедност во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им подели дипломи на димпломираните студенти и ѝ честиташе на студентката на генерацијата Ивана Мукоска.

Но Спасовски отиде чекор понатаму, па наместо само честитки и пофалби, реши, најдобрата дипломка да биде веднаш вработена во Министерството за внатрешни работи.

„Не е важно само да биде прогласена за најдобра студентка, важно е да се покаже волјата во овој момент најдобрите да ги придобиеме во институциите. Донесов одлука денеска дека на Ивана нема да и оставиме простор за одмарање, туку таа ќе биде дел од МВР, во Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка. Честитки“ рече Спасовски во обраќањето

Треба да знаете
Последни објави