Путин: Војната во Украина ќе заврши кога ќе ги оствариме нашите цели

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека нема да има мир во Украина сѐ додека Кремљ не ги реализира своите цели, а тие остануваат непроменети по речиси две години борби кои ги зголемија тензиите меѓу Москва и Западот.

Говорејќи на традиционалната прес-конференцијата на крајот од годината, која лани не ја одржа откако неговата војска не успеа да го заземе Киев, Путин појасни неколку детали за она што Москва го нарекува „специјална воена операција“.

Претседателот Путин ја отфрли потребата од втор бран на мобилизација на резервистите за борба во Украина – потег кој беше длабоко непопуларен. Тој рече дека таму има околу 617.000 руски војници, вклучително и околу 244.000 војници кои биле повикани да се борат заедно со професионалните воени сили.

-Војната во Украина ќе заврши кога ќе ги оствариме нашите цели, рече Путин, повторувајќи го ставот на Кремљ.

Путин, кој е на власт речиси 24 години, а минатата недела објави дека ќе се кандидира за реизбор, беше пречекан со аплауз при пристигнувањето во салата во центарот на Москва.

Треба да знаете
Последни објави