Внесете ги овие седум работи во домот пред Нова година и привлечете среќа и просперитет

Стигнавме до последните денови од оваа година, а за да обезбедиме успешен почеток на 2024 година, ви претставуваме неколку фенг шуи правила кои можат да ја подобрат енергијата во вашиот дом или канцеларија.

Фрижидерот мора да биде полн со храна

За да се обезбеди благосостојба во вашиот дом, важно е фрижидерот да е добро опремен. Наполнете го со свеж зеленчук, варени оброци, јогурт, млеко и сирење.

Цитруси за благосостојба

Златната боја на цитрусите симболизира просперитет. Затоа, секогаш имајте портокали и лимони на вашата маса.

Ново растение за здрав почеток

Поставете прекрасно ново растение во источниот сектор, кое претставува здравје и семејни врски. Ова растение ќе симболизира нов почеток и просперитет. Исто така, додадете неколку убави цвеќиња за да симболизираат добро здравје во наредната година.

Фигурина на жаба за привлекување пари

Се верува дека фигурата на жаба носи пари во домот, особено кога е поставена во близина на вратата.

Ѕвона за добри вести

Ставете мало ѕвонче, може да биде украс за елката. Ова ѕвонче го симболизира доаѓањето на добрата вест во вашиот дом.

Нов календар за нов почеток

Започнете ја Новата година со исфрлање на старите календари. Поставете нов календар за да го пречекате сето она што го носи новата година.

Наполнете го вашиот паричник

Не влегувајте во Новата година со празен паричник. Полниот паричник симболизира просперитет и изобилство.

Нахранете ги птиците за добри вести

Птиците се одличен фенг шуи симбол за привлекување добри вести. Нахранете ги птиците за да внесете позитивна енергија во вашиот простор.

Треба да знаете
Последни објави