Македонците често пати прибираат трендови од западните земји, па така е и примерот со старателството над миленикот после разводот.
Кога брачните парови ќе одлучат да се разведат, често, во последно време во Македонија се наметнува прашањето кој ќе го добие старателството над миленикот.
Меѓутоа, паровите често ги користат милениците како средство за уценување за време на парниците за развод.
Дури и ако ние ги сметаме за членови на семејството, за жал законот тоа не го гледа на тој начин. Но, секако тоа не значи дека животните треба да се гледаат како мебел, бидејќи и тие разводот го доживуваат стресно.
Во последните пет години во Македонија е забележан пораст на бројот на парови кои за време на разводната парница се имаат борено за да добијат старателство над својот миленик. Најчесто спорот се одбива околу кучиња, дури во 88 отсто од случаите. Во пет отсто случаи споровите се водат околу мачки, а остатокот околу другите видови на животни.
Иако борбата за старателството над миленикот не е секојдневна појава, паровите често ги користат нив како средство за уценување околу другите проблематични прашања.
-Обично имаме еден сопружник кој е навистина емотивно поврзан со миленикот и друг кој уценува со него за да дојде до нешто друго- велат адвокати за разводи.
Во ваквите случаи, треба добро да се размисли што е најдобро за миленикот. Да се размисли кој е подобар неговател и кој има повеќе средства и време за да се посвети на него.