Денеска истекува дополнителниот рок на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во градовите во Косово на таблички РКС, а досега 3.300 сопственици на автомобили ги замениле српските косовски таблички, пренесе Бета.
Пререгистрирани се 3.300 автомобили, а можно е денеска да стигнеме и до 3.400 возила… Нема причина полицијата да смета дека е потребно повторно да го продолжи рокот, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.
В сабота ако полицијата наиде на автомобили што не се пререгистрирани ќе ги запре, ќе ги одземе регистарските таблички, казните се 150 евра и ќе ја одземат возачката дозвола. На возачот му е дозволено да го тргне возилото од коловозот, но ако повторно наидеме на истото возило, возилото ќе биде одземено и испратено на царина, рече Елишани.