Кавески: Во Брисел се потврди – единствен кочничар е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица

-Иако целосо успешно го завршивме процес на скрининг во изминатата година и половина иако постои подготвеност за проширување на ЕУ, иако нема нови услови за нас. поради блокадата на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание земјава не го продолжи отворањето на поглавјата. Можеше нашата татковина и сите нејзини граѓани да бидат најголеми победници, да продолжиме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Тој посочи дека Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија. Oд партија поддржувач на евроатлантските интеграции Мицкоски ја претвори ДПМНЕ во најголем кочничар на нашите интеграции. ДПМНЕ како политичка партија целосно ја загуби есенцијата на своето постоење, ја загуби ориентацијата и се сврти кон проблематични проруски идеологии.

-Со ДПМНЕ и Левица нема ЕУ, има изолација, неизвесност и стагнација. Покрај деструкциите на Мицкоски и на ДПМНЕ натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна. Тоа е многу јасно наведено и во заклучоците на ЕУ. Граѓаните ова ќе го имаат на ум за изборите. Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде поразена. Победата на европскиот фронт ќе значи продолжување на европскиот пат и членство во ЕУ до 2030 година. Македонската иднина е европска и тоа е можно само со СДСМ. За подобар, достоинствен живот дома со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, повеќе работни места, подобар животен стандард, рече Каевски.

Треба да знаете
Последни објави