Орбан бара 50 милијарди евра од ЕУ за поддршка на пакетот помош за Украина

Унгарската влада нема да го поддржи новиот пакет помош од ЕУ за Украина додека ЕУ не ги исплати сите средства наменети за Унгарија кои беа замрзнати од Европската комисија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Европската комисија оваа недела се согласи да ослободи третина од околу 30 милијарди евра (33 милијарди долари) замрзнати поради загриженоста за владеењето на правото и корупцијата, откако Унгарија направи промени во судството, зајакнувајќи ја независноста на судовите.
Орбан изјави дека на следниот состанок, кој ќе се одржи на почетокот на следната година, ќе побара од лидерите на ЕУ да ги одобрат сите унгарски фондови, пред да го разгледа пакетот од 50 милијарди евра за Украина.

„Ова е одлична можност за Унгарија јасно да стави до знаење дека мора да добие се што и должи ЕУ“, рече унгарскиот премиер.

Иако Унгарија се воздржа од гласањето за преговорите за членство во ЕУ со Украина, Орбан останува против одлуката и е подготвен да стави вето на пристапувањето на Украина во подоцнежна фаза, рече премиерот.

Треба да знаете
Последни објави