Велика Британија, Европската унија и повеќе од десет земји партнери, меѓу кои Австралија и Канада, го повикаа Израел да преземе итни и конкретни чекори во борбата против насилството на окупираниот Западен Брег, пренесоа медиумските агенции.
– Ова зголемување на насилството врз Палестинците од страна на екстремистичките доселеници е неприфатливо – наведуваат земјите во заедничката изјава објавена од британската влада.
Се вели дека мора да се преземат проактивни чекори за да се обезбеди ефикасна и итна заштита на палестинските заедници.
Доселениците, наводно, извршиле повеќе од 343 насилни напади од почетокот на октомври, при што убиле осум палестински цивили, раниле повеќе од 80 и принудиле повеќе од илјада Палестинци да ги напуштат своите домови.