Соопштение за јавност на Европски Сојуз за промена:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
На оваа корумпирана власт и се избројани деновите!
Во паника и страв од поразот кој ги очекува, оваа корумпирана власт во заминување почна да врши притисок врз граѓаните, а особено врз вработените во јавната администрација.
Денеска сме пред вас да искажеме големата загриженост на голем број вработени во државните институции кои доаѓаат кај нас, кои се под невиден секојдневен притисок од раководителите на институциите кои се политички назначени, да одат на партиски собири на ДУИ, како платата што ја добиваат да им ја должат на моќниците на владејачката партија.
Како ова не е доволно, корумпираната власт во заминување носи дополнителни одлуки за продолжување на психолошкиот терор врз вработените во државната администрација. Последниот притисок доаѓа преку најавување на ригорозни обуки и тестирања на администраторите, усно и писмено, каде оние што нема да ги положат испитите ќе бидат отпуштени.
Почитувани граѓани, секако дека ние сме за унапредување на знаењето на вработените, нивна обука итн, но овие одлуки, сега, претставуваат само притисок за дисциплинирање на администрацијата. Ваквите одлуки, пред избори, не се ништо повеќе од комунистички механизам за уцена, условување и заплашување на сите вработени во државната администрација. За жал, на вработените во државната администрација на кои им се оневозможува упредувањето во кариерата држејќи ги со децении како млади соработници, покрај проблемите со инфлацијата и со осиромашувањето на граѓаните воопшто, денес добиваат дополнително оптоварување, и дополнителна закана, ДЕКА АКО НЕ МИСЛАТ И НЕ РАБОТАТ КАКО ШТО КАЖУВА ПАРТИЈАТА, ЌЕ БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ОД РАБОТА СО ШТО НЕМА ДА МОЖАТ И ТАА ПЛАТА КОЈА ЈА ЗАРАБОТУВААТ ДА ЈА НОСАТ ДОМА ЗА НИВНИТЕ ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА, ВРАЌАЈГИ ГО КОНЦЕПТОТ НА ПОЛИТИЧКО ДИФЕРЕНЦИРАЊЕ ТОКМУ КАКО ВО ВРЕМЕ НА КОМУНИЗМОТ!
Овој менталитет е потполно ист како оној на режимот на Груевски, кога граѓаните и за ИН-ВИТРО беа условувани со 20 или 30 гласа за партијата на власт.
Оваа криминализирана власт го има изгубено контактот со реалноста. Во страв од пораз, намерно држат голем број вработени со месечни договори на дело во институциите, при што секој месец им се закануваат и уценуваат со раскинување на тие договори на повеќе од 2.500 вработени само во здравството! 2.500 чесни професионалци кои секојдневно одат и си ја вршат работата, само за да служат како гласачка машинерија на денот на изборите, се држат на месечни договори без да им биде исплатен ниту здравственото и пензинското осигурување!
Почитувани граѓани, во целава лоша ситуација има едно добро. Часот на ослободување од овие корумпирани владетели и од оваа диктатура ДОАЃА! Со доаѓањето на власт на Европскиот Сојуз за Промена, овие појави ќе ги оставиме во минатото! Заедно со вас ќе ја направиме промената. Ќе се потрудиме да ги унапредиме и заштитиме административците, да ги извршуваат своите професии и да работат достоинствено и слободно, апсолутно без разлика на нивното политичко и идеолошко убедување, додека за вработените со договор на дело ќе се обврземе во рок од 6 месеци да ги добијат долгоочекуваните работни решенија.
Конечно, ги повикуваме сите надлежни институции, народниот правобранител, меѓународниот фактор, невладините организации да преземат мерки за да се спречи овој срамен притисок што се врши врз административците!