Рускиот олигарх Дмитриј Цветков изјави дека Елсина Хајрова потрошила 12 милиони фунти на облека и чанти за време на нивниот 11-годишен брак.
За Том Круз од неодамна се зборува дека е во љубовна романса со Русинката со адреса во Лондон, Елсина Кајрова. Елсина е ќерка на рускиот пратеник Ринат Хајров и поранешна сопруга на рускиот олигарх Дмитриј Цетков.
Но, тој вели дека сепак е среќен за Елса и ѝ посакува се најдобро. Не разговарале за нејзината врска со познатиот актер, вели тој.
“Не сум разговарал со Елса за ова бидејќи претпочитаме да комуницираме преку нашите адвокати. Таа има 36 години, убава, финансиски независна и го сака животот. Том Круз е мојот омилен актер, еден од најдобрите што сум ги видел. Гледав многу негови филмови. Првиот пат кога слушнав за него беше кога имав 13 години, мојот професор по англиски јазик кој се врати од САД го спомна и ни кажа дека живее во куќата до неговата.“ изјави милионерот.
Инаку, Цетков се збогатил со дијаманти и рударство. Елсина ја запознал во Лондон во 2009 година, а неколку месеци подоцна се венчале во Палатата на Националниот конгрес во Санкт Петербург. Тие поседувале недвижен имот во Дубаи, Лондон и Кипар, колекција на накит и уметнички дела и луксузни јахти. Поранешниот пар во бракот имал две деца.
Потсетуваме, Елсина и Круз неодамна беа видени на забава во Лондон каде не се одвојуваа еден од друг. “Беа неразделни, очигледно е дека се пар. Изгледа дека Круз е целосно заљубен во неа”, коментирал еден од гостите на истата забава во лондонски Мејфер.
Цетков откри и дека пред неколку месеци бил во преговори со холивудски продуцент кој бил заинтересиран да сними филм за неговиот живот и инсистирал да го игра исклучиво Круз.
“Му реков на продуцентот дека единствениот актер кој може да ме игра е Том Круз. Ние сме приближно иста висина и тежина и би ми било чест ако тоа се случи. Не можев да мислам на некој кој би можел да ме игра подобро од Том Се надевам дека еден ден ќе ме глуми и ќе се сретнам да разговараме за овој проект“, рече тој.