Ако сте во движење, во канцеларија, на пикник, а немате начин да го загреете ручекот, да го загреете топлиот оброк или да го разладете пијалокот, тука за вас е првата микробранова торба „Willcook“ во светот.
Овој необичен изум доаѓа од Јапонија, микробрановата чанта го носи името Willtex „Willcook“ и изгледа како модерна торба за лаптоп, но всушност е направена од спроводлива ткаенина која му овозможува на корисникот да ја загрее внатрешноста до неверојатни 250 степени Целзиусови!
Чантата е изработена од иновативна ткаенина развиена од јапонската компанија Sanki Consys Co. Ltd.
Микробрановата торба ‘Willcook“ изгледа како вашата просечна торба за лаптоп, но може да загрее се што ќе ставите внатре на температура од 80 Целзиусови степени за само 5 минути. Но, корисниците можат да ја прилагодат температурата помеѓу 40°C и 250°C преку апликацијата за паметни телефони наречена Hotopia. Самата торба тежи само 160 грама, додека батеријата на полнење која ја напојува торбата тежи дополнителни 120 грама. Батеријата на торбата може да издржи 8 часа со целосно полнење.
Она што ја прави микробрановата торба Willcook како печка е растегливата ткаенина која генерира топлина само со црпење енергија од батеријата.
Изолационите својства на неговата иновативна ткаенина, исто така, ја прават торбата одлична за одржување на пијалоците ладни во лето. Така, на пример, пивото кое стои на температура од 4-8 °C во торбата може да остане ладно 2-3 часа, пренесува порталот „Interesting Things of the Day“.
Цената на самата чанта изнесува 162 американски долари, а батериите се 45 долари.