Израелскиот воен командант ја презеде одговорноста за смртта на заложниците

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ја презеде одговорноста за случајното убиство на тројца израелски заложници во Појасот Газа од страна на тројца израелски војници.

„Армијата и јас, како нејзин командант, сме одговорни за она што се случи и ќе направиме се што можеме за да спречиме вакви случаи да се повторат во идните битки“, рече тој во видеото објавено на платформата на социјалните мрежи Х во саботата вечерта.

Тој јасно кажа дека не треба да се пука врз луѓето со бели знамиња кои сакаат да се предадат. Халеви нагласи дека кога биле убиени заложниците биле прекршени правилата за борба.

„Тројцата заложници направија се за да ги препознаеме како такви – ги соблекоа кошулите за да видиме дека немаат појаси со експлозив и дека држат бело знаме“, призна Хелеви.

Истовремено, тој посочи дека војниците се во зоната на активни борбени дејствија. Терористите таму дејствуваат во цивилна облека и секоја одлука може да направи разлика помеѓу животот и смртта во дел од секундата.

Тројцата заложници излегле од зградата оддалечена неколку десетици метри, изјави претходно портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ). Според извештајот, војникот се почувствувал загрозен и отворил оган.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша убиството на заложниците како „неподнослива трагедија“.

Треба да знаете
Последни објави