Три лица загинаа синоќа на автопатот во Призрен додека гледале трки со автомобили, соопшти полицијата.
Како што е наведено, еден од возачите наводно изгубил контрола над автомобилот и удрил во луѓето кои ги следеле трките, пренесе Коха.
Од ударот три лица го загубиле животот, а три се повредени и испратени на лекување, се наведува во соопштението.
Осомничениот е приведен.