Престолонаследникот на Кувајт, шеикот Машал ал-Ахмед ал-Џабер ал-Сабах е прогласен за нов емир на Кувајт, наследувајќи го шеикот Наваф Ал-Ахмед Ал-Џабер Ал-Сабах, кој почина вчера, соопшти државениот министер за кабинет.
Според уставот на Кувајт, по смртта на емирот, тронот автоматски му се предава на престолонаследникот, а тој официјално ја презема оваа функција откако ќе даде заклетва во Националното собрание. После тоа има една година да го именува својот наследник.
Шеикот Наваф, кој почина вчера на 86-годишна возраст, се искачи на тронот на 30 септември 2020 година, по смртта на неговиот полубрат Сабах Ал-Ахмед Ал-Џабер Ал-Сабах, кој ја водеше земјата од 2006 до 2020 година.