Сега кога тајната венчавка на пејачката Адел и Рич Пол повеќе не е тајна, почнаа гласини. Наводно, популарната пејачка за да го заштити своето богатство вредно 220 милиони долари, го навела Рич Пол да потпише предбрачен договор, пишува Дејли Мејл.
Како што дознаваат странските медиуми, пријателите ја поттикнале Адел да потпише предбрачен договор бидејќи со продажба на четири албуми заработила 220 милиони долари, а има уште 34 милиони долари од дигитална продажба.
Нејзиниот проект во Лас Вегас се предвидува да донесе 2 милиони долари бруто по настап, што значи дека ако пејачката добие половина од тој приход, би требало да заработи 13 милиони долари. Тоа би било и најмногу што некој уметник заработил по настап во историјата на Вегас.
Покрај тоа, Адел поседува неколку куќи, а нејзините главни резиденции се имот вреден 11 милиони долари во Англија и имот вреден 10,5 милиони долари во Калифорнија, во Беверли Хилс.
Покрај тоа, таа поседува и две куќи во Лондон кои се проценуваат на 14 милиони долари; Во 2016 година купи куќа вредна 9,5 милиони долари, а во декември 2021 година го купи замокот на Силвестер Сталоне во Лос Анџелес за 58 милиони долари.