Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
„Проблемот е што ние платите ги добиваме со тоа што се кратат програмските активности. Значи ние си кратиме од самиот буџет. Да речеме ако од генералниот буџет кој што сега е проектиран на пет ипол милијарди министерство за култура ќе добие 1,34% што е историски најнизок процент во историјата на независна Македонија”, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот” на Сител телевизија.
Љутков додаде дека секогаш процентот за министерството за култура бил до 2-2,5. А, сега министерството за култура ќе добие најнизок процент во историјата на независна Македонија.
„Од тие 1,34%, 1% ни одат само на плати, што значи дека тие 0,34% ќе одат за програми. Тоа е недоволно за да можете да ги исполните сите барања на граѓаните и на институциите, ниту за одржување на објектите, ниту пак на програмските активности”, рече Љутков.
„Во превод, најпластично кажано една институција ако имала 9 милиони или 10 милиони денари за продукција како Драмски театар сега има 3 милиони денари за продукција. А, платите се зголемуваат и бројот на вработени се зголемува. Што значи имаме повеќе вработени, а помалку продукција”, појасни тој.
Тој посочи дека поради тоа ја критикува работата на министерката за култура.