Вечерва Скопје повторно високо котира на листата на најзагадени градови и се наоѓа на 11то место.
Вечерва загадениот воздух се чувствува и буквално се гледа огромната загаденост, што предизвикува проблеми кај граѓаните, особено кај оние со хронични болести и малите деца.
Но на фотографијата подолу, се гледа како е во Скопје кога нема висока загаденост.
Тогаш видливоста е далеку поголема, воздухот е многу почист и посвеж.