Каби Ламе е ѕвезда на ТикТок и Инстаграм, кој стана познат по своите видеа во кои без зборови се исмева со комплицирани „животни хакови“ и покажува како истите проблеми можат да се решат на поедноставен начин.
Овој 22-годишен креатор на видео е роден во Сенегал и живее во Италија, каде што неговото семејство се преселило кога тој имал една година. Негов заштитен знак е немата комедија, гест со рака што изразува неверување и иронија.
Каби Ламе почна да објавува смешни клипови на ТикТок откако ја загуби работата во фабрика за време на пандемијата на коронавирус. Во првиот месец имал девет прегледи и двајца следбеници. Неговата популарност, сепак, вртоглаво порасна и тој набрзо стана најследен Италијанец, а моментално е и најследен корисник на платформата ТикТок со вкупно повеќе од 160 милиони следбеници и над 2,4 милијарди лајкови. Се проценува дека без да каже збор заработил повеќе од 13 милиони долари.
Каби Ламе има соработувано со многу познати личности, како што се Наоми Кембел, Грета Тунберг, Јувентус и Хуго Бос. Беше и на насловните страници на списанијата Фортун и Форбс,, беше член на жирито на фестивалот во Кан и на шоуто Италија има тален. Вели дека целта му е да ги забавува луѓето и да им покаже дека животот не треба да се сфаќа премногу сериозно.