Велика Британија ќе воведе увозни давачки за јаглерод од 2027 година

Велика Британија ќе воведе царини за јаглерод за одредени видови увезени стоки од 2027 година за да ги заштити своите бизниси од поевтин увоз од земји со помалку строги климатски политики, објави денеска владата во Лондон.

„Овој данок ќе обезбеди странските компании во високојаглеродните индустрии – како што се челикот и керамиката – да плаќаат слични цени за емисиите на јаглерод како фирмите во ОК“, рече британскиот канцелар на финансии Џереми Хант.

Според него, британскиот процес на декарбонизација на тој начин ќе влијае на намалувањето на глобалните емисии на јаглерод.

Ќе се наплаќаат тарифи за производите од индустриските сектори кои предизвикуваат големи емисии на јаглерод како што се производството на железо, челик, алуминиум, ѓубрива, водород, керамика, стакло и цемент.

Британија сака да достигне нето нула емисии на јаглерод до 2050 година, па затоа го лансираше системот за тргување со јаглеродни емисии (ETS) во 2021 година, според кој британските електрани, фабрики и авиокомпании мора да платат одредена сума за секој тон јаглерод диоксид што го испуштаат.

Европската унија ја започна првата фаза од тарифниот систем за јаглерод во септември, но тој ќе стапи на сила до 2026 година.

Треба да знаете
Последни објави