Поради бомбардирањето и апсењето на медицински персонал престана да работи уште една болница во Газа

Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

„Болницата Ал Ахли не е во функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на медицински персонал“, се вели во соопштението, според Си-Ен-Ен.

Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа.

Во моментов, само 11 од 36-те болници делумно функционираат во Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави