Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието ќе одржат заедничка седница. На дневен ред е Разгледувањето на Нацрт Патоказот за владеење на правото и Нацрт Патоказот за реформа на јавната администрација.
Оваа заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања беше одложена на 11 декември поради, како што беше посочено, неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност.
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски тогаш побара од присутните да се одложи денешната седница поради неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност. Информира дека следната седница по овие точки ќе се одржи на 20 декември.
-Имајќи во предвид дека се работи за ваков сензитивен материјал согласно законските одредби, седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања треба да е од затворен карактер. И имајќи предвид дека седницата е од затворен карактер, постојат јасни законски процедури и ограничувања на кој начин треба да биде доставен и дистрибуиран материјалот до членовите на Националниот совет, до пратениците и до сите останати кои имаат право да учествуваат во работата. Имајќи предвид дека се работи за нови процедури и дека на сите веројатно им треба повеќе време за овие процедури да станат пракса, се надевам дека во иднина ќе ги користиме и почесто, рече Николовски.