Зеленски: Изборот на Трамп може да има негативно влијание врз војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази загриженост дека изборот на Доналд Трамп за американски претседател може негативно да влијае на натамошниот тек на војната, пренесува Независна.

-Ако политиката на следниот претседател, кој и да е тој, биде поинаква кон Украина, постудена или поекономична, мислам дека овие сигнали ќе имаат многу силно влијание врз текот на војната – рече Зеленски, пренесе Ал Џезира.

Во меѓувреме, продолжија преговорите меѓу републиканците и демократите во Вашингтон за пакетот воена помош за Украина и Израел од сто милијарди долари, што републиканците го условуваат со отстапки од администрацијата на Бајден во врска со решавањето на миграцискиот проблем на јужноамериканската граница со Мексико.

Белата куќа предупреди дека до крајот на годината американската помош за Украина ќе биде исцрпена, но не успеа да го потисне пакетот надвор од партиските политички интереси. Некои партиски лидери во Вашингтон, како што пренесуваат американските медиуми, очекуваат дека ќе се постигне договор, но не пред почетокот на следната година.

Треба да знаете
Последни објави