Од утре па се до 29 декември во приземјето на Градскиот трговски центар ќе се одржува традиционалниот настан „Новогодишен базар“ кој е во организација на Занаетчиската комора од Скопје на кој граѓаните ќе можат да се запознаат со изработките на низа ракотворци и артизани.
На базарот ќе бидат изложени креативни производи со уметнички дизајн, меѓу кои плетени играчки, уметнички слики, уникатен накит од сребро, епоксидна смола, кристали, филигран, полудраги камења, персонализирани подароци, шољи и планери со интересни пораки, рачно насликани стаклени поризводи.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/12/Новогодишен-базар-ГТЦ-3-1024x768.jpg)
Креативците кои ќе учествуваат на Базарот ќе ги исполнат штандовите со предновогодишна магија и ќе предизвикаат насмевка и позитивни вибрации кај секого. Истовремено, граѓаните ќе можат да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимание.