Пендаровски: Потребно е да постои „име и презиме” за одговорност, не е до законите, проблемот е во човечкиот материјал

Во интервју за Канал 5 претседателот Пендаровски вечерва зборуваше за неодамнешните измени во Кривичниот законик и реакциите во јавноста откако тој го потпиша Указот за прогласување на законот.

Претседателот Пендаровски истакна дека е недозволиво во една демократска држава еден процес да трае 10 или повеќе години.

 „Јас мислам дека со име и презиме треба да се извадат луѓето кои 12 години не го суделе Маѓар Телеком, луѓето кои осум години не ги суделе овие другите предмети. Значи не е проблемот до законот, до човечкиот материјал е”, потенцираше претседателот Пендаровски.

Во оваа насока претседателот Пендаровски се осврна и на работата на Судскиот совет чија задача е да ги санкционира судиите за кои ќе утврди дека ги одолговлекуваат судските процеси.

„Судиите коишто решиле да не судат, а Судскиот Совет не ги казнува, не ги дисциплинира, не ги дистанцира од судењето, зошто не се во судница?!”, рече претседателот Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5.

Треба да знаете
Последни објави