Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека реактор во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон изгледа за првпат користи нуклеарно гориво, што би значело дека Северна Кореја има нов потенцијален извор на плутониум за нејзиното нуклеарно оружје.
Северна Кореја со години користи истрошено гориво од нуклеарниот реактор во Јонгбјон за производство на плутониум за својата нуклеарна енергија, а МААЕ вели дека истекувањето на топла вода од поголемиот реактор сугерира дека сега користи нуклеарно гориво.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, доцна синоќа изјави рече дека тоа значи оти нуклеарната верижна реакција во реакторот е самоодржлива.
МААЕ нема пристап до нуклеарните постројки на Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера инспекторите на агенцијата во 2009 година.
МААЕ сега ги следи севернокорејските објекти главно користејќи сателитски снимки. Без пристап, МААЕ не може да потврди дека реакторот има оперативен статус, рече Гроси.
МААЕ соопшти дека забележала зголемен одлив на вода од системот за ладење на реакторот од октомври. Северна Кореја изврши шест нуклеарни проби.