Јадранка Клариќ – вински амбасадор на македонските семејни винарии

Здружението Македонски семејни винарии ја именува Јадранка Клариќ Кимовска за првиот вински амбасадор и почесен член на Здружението Македонски семејни винарии. Клариќ Кимовска како вински амбасадор, ќе продолжи да ги подржува и промовира македонските семејни винарии  истакнувајќи ја нивната автентичноста со цел зголемување на нивната продажба и  поширок пласман.

„Македонските семејни винарии се дел од винската индустрија на нашата земја со огромен потенцијал и квалитет што не само да се израмнува со вината од далеку попознати вински региони, туку и многу често отскокнува. Влегувањето во конкурентна средина/пазар дома и надвор е нов предизвик на кој ќе работиме и ќе се подржуваме заедно“, вели Јадранка Клариќ Кимовска.

Именувањето на Клариќ Кимовска за прв вински амбасадор е чест и придонес  за растот на македонските семејни винарии, чијшто број моментално изнесува 173 мали винариии со над 255 етикети. Клариќ Кимовска е вински работник со меѓународно искуство, интернационален вински судија, вински витез во Македонија, воедно и сопственик на првиот специјализиран салон за вино Wine Berry и е најголемиот застапник и промотор на малите семејни винарии.

Треба да знаете
Последни објави