Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со пораз од Спартак Суботица (86:81) го заврши настапот на третиот турнир во регионалната АБА2 лига. Македонскиот шампион постојано бркаше резултатска негатива. Првата четвртина ја загуби со 22:19, втората со 20:18 и во третата заостанаа дури девет поени (27:18) по што противникот напрви вкупно 14 поени разлика (69:55) што им ја отежна рабптата да направат пресврт во последниот период. Аеродромци не се откажаа, но немаа сили да направат пресврт, па го претрпеа третиот пораз сезонава во седмиот меч од регионалното натпреварување.
Расел со 16 и Стојановски со 15 кошеви беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, додека Барна со 20 поени беше најефикасниот играч на мечот и кај Спартак.