Aвтобус со патници излета од патот во Србија, има повредени

Пет лица се примени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако синоќа автобус излетал од автопатот Белград-Ниш.

Едно од лицата се здобило со многу тешки повреди опасни по живот, информираат од болницата.

Како што е наведено, се работи за 20-годишна девојка која има повреда на градниот кош, двете потколеници, двете стопала, левата бутна коска и повреди на главата.

Синоќа околу 23 часот автобусот излетал од патот кај селото Катун.

За сообраќајната несреќа е известено обвинителството. Сообраќајот на тој дел од автопатот е нормализиран.

Причините за несреќата засега не се познати.

Треба да знаете
Последни објави