Во најголем дел од земјава преовладува сончево и релативно топло време, со мала облачност.
По котлините, особено долж Повардарието, е постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер.
Минималната температура е во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.
Во Скопје магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Ова време ќе се задржи и утре, со нешто пониска дневна температура.