Актуелниот шампион во кошаркарската НБА лига, Денвер, ја прокнижи четвртата последователна победа со триумф на гостувањето кај Шарлот (102:95), за кого ова беше седмиот пораз во низа. Победникот беше решен во третата четвртина која Денвер ја доби со 30:9. Прдводник во новиот триумф за Денвер беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ, маечот го заврши со 18 постигнати поени, 10 скока и девет асистенции.
И словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ беше најзаслужен за убедливиот триумф на неговиот тим Далас во пресметката со Сан Антино (144:119). Словенецот средбата ја заврши со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, со што дојде на само 11 поени од гранцата од 10.000 поени постигнати во НБА кариерата. За него ова беше 62. трипл-дабл во кариерата, а шести оваа сезона. Кај „спарси“ во тимот го немаше француското „чудо од дете“, Виктор Вембањама поради повреда.
Детроит на гостувањето кај Бруклин (115:125), го претрпе 26 пораз по ред со што го изедначија црниот рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. Кошаркарите на овој тим в среда го пречекуваат истиот ривал, а во случај на нов неуспех и официјално ќе бидат најлузерскиот тим во историјата на НБА.
Резултати: Њујорк – Милвоки 111:130, ЛА Клиперс – Бостон 108:145, Индијана – Орландо 110:117, Њу Орлеанс – Хјустон 104:106, Атланта – Мемфис 119:125, Бруклин – Детроит 125:115, Торонто – Јута 119:126, Шарлот – Денвер 95:102, Чикаго – Кливленд 95:109, Далас – С. Антонио 144:119, Оклахома – ЛА Лејкерс 120:129, Голден Стејт – Портланд 126:106, Сакраменто – Минесота 98:110.