Жена од Алабама со ретка двојна матка роди две бебиња за два дена

Жена од САД со ретка двојна матка се породила два пати во два дена – по бременост што се опишува како „една во милион“ и породување што траело вкупно 20 часа, пишува „Би-Би-си“.

Келси Хечер на 32 години ја роди првата ќерка во вторникот и втората во средата, на Универзитетот во Алабама во болницата Бирмингем. Објавувајќи го пристигнувањето на нејзините „чудо од бебиња“ на социјалните мрежи, таа ги поздрави медицинските лица и ги нарече „неверојатни“.

Девојчињата се опишани како братски близначки – со ретки посебни родендени. Тие и мајка им се сега дома и „уживаат во празниците“, а од болницата потврдија дека сите три се во добра состојба.

Акушерка од болницата за „Би-Би-Си“ изјави дека повеќето луѓе од нејзината професија ја минуваат целата кариера и никогаш не се сведоци на ваков случај.

Кога Хечер имала 17 години ѝ било соопштено дека има двојна матка, што болницата Бирмингем ја опишува како ретка состојба што се јавува кај 0,3% од жените во светот, а шансите да забремени во двете матки биле уште помали.

Ваквите случаи во светот се екстремно ретки. Во 2019, доктор од Бангладеш за „Би-Би-Си“ изјави дека жена родила близнаци речиси еден месец откако предвремено се породила со бебе во другата матка.

Треба да знаете
Последни објави