„Сакам да ви кажам да не се грижите, граѓани на Србија, иако сцените се драматични затоа што ја сакаме нашата земја и град, не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците и да ни ја руши куќата. Не грижете се, нема во тек никаква револуцијата, ништо такво нема да им успее без ние да се потрудиме да не повредиме некој од случајните демонстрант“, рече во вонредното обраќање српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ кажа дека на вечерашниот протест на опозицијата лој бил најавен како најголем, се собрале 2.490 лица, додека 1.090 се обиделе да упаднат во зградата на Собранието.
„Некои си го покажаа лицето. Со денови укажувавме дека се подготвуваат за тоа бидејќи знаат дека народот не сака да гласа за нив и никогаш нема да ја добие довербата од народот. Со денови го предупредуваме странскиот фактор“, рече Вучиќ.
Инаку, претходно вечерва група од демонстрантите го нападна Градското собрание на Белград.