Почитувани граѓани од католичка вероисповед,
Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје, просперитет и благосостојба.
Радувајќи се на Христовото раѓање како светла иднина за човештвото, да се ориентираме кон единството и солидарноста, во духот на христијанската порака за љубов меѓу ближните.
Нека Божјата милост кон човекот ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, да се разбираме и почитуваме меѓу себе, заедно да градиме мир во нашето општество, со свој придонес кон колективното добро да обезбедиме иднина за сите.
Посакувам радосни празнични моменти, нека Божикната благодат донесе благослов и спокој во сечиј дом!
Христос се роди! Честит Божик!