Повеќе од 30 демонстранти беа уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на седмиот протест на кој се бараше поништување на изборите во Србија.
Десетици полицајци и жандармеријата ги истуркаа демонстрантите од центарот на Белград доцна вечерта на 24 декември и се распоредија околу институциите.
Конфликтот меѓу полицијата и дел од демонстрантите започна синоќа кога собраните се обидоа да извршат упад во Градското Собрание и ја скршија влезната врата, а полицијата употреби солзавец.
Вчера беше седма вечер од протестот на опозициската коалиција „Србија против насилството“, која обвинува за изборна кражба на изборите на 17 декември, што власта го негира.