Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли американските тврдења дека Исламската Република нападнала брод што превезувал хемикалии во близина на брегот на Индија.
Техеран ги опиша обвинувањата на Вашингтон како „неосновани“. Во саботата, Пентагон соопшти дека беспилотно летало лансирано од Иран погодило танкер што превезувал хемикалии во Индискиот Океан.