Многу украински православни христијани од годинава денеска го слават Божиќ, на 25 декември. Украина традиционално го користеше јулијанскиот календар, кој го користи и Русија, каде што Божиќ се паѓа на 7 јануари. Поради руската инвазија, Украина одлучи дополнително да се дистанцира од Москва и да го напушти руското наследство. Претседателот Володимир Зеленски претходно рече дека земјата во иднина ќе го слави Божиќ на 25 декември според западниот грегоријански календар што го користи во секојдневниот живот. -Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па Божиќ се славеше според јулијанскиот календар, на 7 јануари, се вели во образложението на текстот што беше изгласан кон средината на јули.
Во својата божиќна порака објавена во неделата вечерта Зеленски рече дека сите Украинци сега се заедно. -Сите заедно го славиме Божиќ. На ист датум, како едно големо семејство, како еден народ, како една обединета земја, рече тој.