Пожарот кој го зафати трговскиот центар во Лушње, Албанија, се прошири и на остатокот од 12-катницата. Медиумите јавуваат дека околу 40 лица останале заробени во повеќекатнцата, додека 20 се хоспитализирани поради задушување од чад.
Меѓу оние кои се задушиле од чадот има и деца.
Градската противпожарна бригада, со поддршка на противпожарната служба во Тирана, продолжува со гаснење на пламените јазици и евакуација на станарите од зградата.
Во гаснењето на пожарот учествувал и хеликоптер.
Пожарот кој првично избувна на вториот, третиот и четвртиот кат од трговскиот центар Метропол во Лушње се прошири и на становите на горните катови од 12-катницата.
Над 20 лица се пренесени во болницата Лушња, додека брзата помош сè уште доаѓа и си оди. Во меѓувреме, не може да се изброи бројот на заробени лица во трговскиот центар, како и во зградите до трговскиот центар.
На местото на настанот пристигнале и албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала, полицискиот директор Мухамет Румбулаку и неговиот заменик Ерион Браче.