Стевчо Јакимовски објави нов пост на фејзбук и ги повика на одговорност Ивица Георгиевски — Фреди и Александар Николовски актуелен потпретседател на ВМРО ДПМНЕ кој е најчесто поврзуван со бизнисите на Фреди.
На својот Фејзбук профил освен отографија од немилиот настан тој напиша:
Со ова багерче ли се копа волква јама? Се се, само профитот да биде поголем.
Ова е машина за копање ровови за местење кабли, а не за градежни јами.
И наместо со багер со гасеници, копале со багер со тркала.
Во какви ли маки починал кутриот човек?
Ќе се огласи ли БИСИ?
Ќе се огласи ли Ивица Георгиевски – Фреди?
Ќе се огласи ли Александар Николовски?
Имавте ли градежна дозвола денот кога е направено ова злодело поточно 24.11.2023?
Со ова официјално тој ги опомена сите институции да отворат очи во решавње на предметот.