Никој не може насилно да ја поништи изборната волја на граѓаните, тврди српскиот министер за одбрана

Српскиот министер за одбрана и претседател на СНС, Милош Вучевиќ, денеска изјави денеска дека никој нема да може насилно да ја уништи изборната волја на граѓаните.

„Насилниците ќе одговараат за немирите, кои сакаа да го запалат Градското собрание, ја нападнаа полицијата – ќе одговараат, нема компромис“, изјави за белградски медиуми Вучевиќ, наведувајќи дека е „детска приказна“ тврдењето на опозицијата дека изборите биле нерегуларни.

Според него, граѓаните можат да бидат мирни и да им веруваат на државните институции бидејќи тие го имаат одговорот на сите предизвици, како и дека законот ќе важи за сите.

На прашањето дали во настаните е вмешан странски фактор, тој потсети дека претседателот на државата Александар Вучиќ најавил дека српските безбедносни служби наскоро ќе објават документ.

„Треба да почекаме …нечии стапала можат да бидат препознаени на одредени места, фигуративно кажано“.

„Не сакаме „Мајдан“ во Србија, Србин да пука во Србин, Србин да нападне Србин. Не сакаме никаква конфронтација меѓу граѓаните“, додаде тој. 

Треба да знаете
Последни објави