Поранешен репрезентативец четврто зимско засилување во редовите на Македонија ЃП

Искусниот напаѓач Крсте Велкоски од редовите на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички се пресели кај градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров. Поранешниот репрезентативец Велкоски е четвртото засилување за тимот од „Ѓорче Петров“ во зимскиот преоден рок.

Македонија Ѓорче Петров му посака добредојде на Крсте Велкоски.

Ѓорчепетровци ќе бидат третиот клуб од Македонија за кој настапувал Велкоски, претходно играше за Металург и на трипати во Работнички.

35-годишниот напаѓач играше во повеќе странски клубови, а најголем траг остави во Сараево каде беше и капитен.

Покрај Велкоски, Македонија ЃП во изминатиот период како нови засилувања ги потврди и Џонатан Балотели, Давид Лопез и Џонатас да Силва.

Треба да знаете
Последни објави