Дали ги поставивте вашите ПВЦ прозорци и врати на „зимски режим“?

ПВЦ столаријата, особено прозорците и вратите, се се почест избор бидејќи полесно се прилагодуваат и подобро ја одржуваат температурата во станот. Но, за време на инсталацијата, мајсторите забораваат да споменат две важни ставки, кои сигурно ќе ви бидат корисни оваа зима.
Иако станува збор за едноставна работа, многу луѓе не знаат или забораваат дека подмачкувањето е решение за шкрипењето на рачките или механизмите и лошото прилепување на прозорците. Ако редовно го одржувате прозорецот, нема да има потреба да барате мајстор.
Металните делови како што се шарките, бравите и системите за заклучување, како и сите подвижни делови на прозорецот, треба да се одржуваат со повремено чистење и подмачкување со специјално масло, најмалку еднаш годишно.
Не ви требаат мајстори за да ви ги постават вратите и прозорците на „зимски режим“ наесен, а на „летен режим“ на пролет. Едноставно отворете го прозорецот (или балконот) и пронајдете го шрафот на страната каде што се наоѓа рачката и подесете со помош на инбус клуч..
Шрафот кој се наоѓа на страната на шарката свртете го навнатре, при што се регулира силата на притисок на рамката на прозорецот.

Треба да знаете
Последни објави