Спасени 38 мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Крајбрежната служба на Грција спасила 38 мигранти во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од островот Гавдос и сите безбедно биле пренесени на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

 Мигрантите се пренесувале во дрвен чамец, а доцна синоќа побарале помош по што интервенирала Крајбрежната служба. Според грчката телевизија ЕРТ, станува збор за мигранти од Египет и Пакистан.

Треба да знаете
Последни објави