Скандал со избор за вработувања во болницата „8 Септември“ ги вџаши лекарите

Скандолозен, фингиран избор за вработување на тројца физиотерапевти во болницата „8 Септември“ ги вџаши дури и лекарите ! Срам им е да погледнат в очи. На младите здравствени работници кои работат во „8 Септевмри и до осум години со договор на дело не можат да им одговорат на паршањата кој го режираше овој скандал ! Немаат одговор кој го направи изборот и по кој критериум. Нов резил во серија за „белите мантили“.

Наместо според ранг-листата која е направена од комисија во кои се бодувани успех, тестирање, познавање јазик, како и интервјуа кои траеле само една-две минути, во кои младите луѓе препознале наговестување каков епилог ќе има конкурсот за вработување на овој медицински кадар објавен по речиси еднодецениска пауза, избрани се најслабо-рангираните. Можеби тој што ги бирал или препорачувал чита наопаку !

Лицата кои без здравствено и пензиско осигурување со години ги извршуваат професионално катадневно рабтни задачи се прескокнати. Зошто ? Затоа што немаат партиски, министерски, директорски врски… Наместо комисијата која ја спроведувала постапката, одлуката да пресече во свои раце ја земал директорот Христијан Костов, потпишан на одлуката. Истиот тој директор во фетелјата е донесен по партиска линија. А, за да ја зачува истата изигрува „џубокс“ и исполнува партиски и министерски музички желби !

Министерот Фатмир Меџити кој последниве денови се топори пред камерите покажувајќи загриженост за здравствениот персонал кој со години работи со договори на дело, се прави дека не гледа и не слуша што му се случува во ресорот. Се е фарса, па нека не се чудат зошто секојдневно во нашато здравство излегуваат скандалозни приказни, а цехот го плаќа граѓанинот. Деградиран е системот на вредности. Со партиски кадри не се лекува здравството, а најмалку граѓаните.

Тие истите што кажуваат дека ќе сторат се да ги запрат младите да заминуваат од земјава, треба да застанат пред огледало и самите да се погледнат в очи ако можат, бидејќи другите неможат да ги гледаат. Со вакви фингирани вработувања, наместо по 12.000 млади годишно да заминуваат од земјава, бројка од Државниот завод за статистика, таа само ќе се зголемува.

Тоа го има само оваа моја чудесна Македонија !

Треба да знаете
Последни објави