Њујорк Тајмс ги тужеше ОпенАИ и Мајкрософт за кршење на авторските права

„Њујорк тајмс“ денеска ги тужеше „ОпенАИ“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права, со што стана првата голема американска медиумска организација што поднесе тужба против компаниите за ова прашање.

Во тужбата, поднесена пред судот на Менхетен, се наведува дека милиони текстови објавени од Њујорк Тајмс биле користени за обука на автоматизирани чет-ботови.

Се додава дека компаниите треба да бидат одговорни за штети од милијарди долари поврзани со „незаконско копирање и користење на уникатно вредните дела на Тајмс“.

Треба да знаете
Последни објави